eng  mk  alb

СПОНТАНИ И РАЗИГРАНИ ПОСТАПКИ
Децата имаат изградено сопствен вкус, кој и покрај тоа што можеби на моменти ќе ви се стори хаотичен, секако е личен и мора да го респектирате. Затоа, оставете ги децата непречено да владеат со своите детски соби. Детските соби треба да бидат легитимно царство на вашите деца. Ова пред се поради неизбришливиот печат кој тие го оставаат на детската психа, зашто се дел од драгоцениот период од нивниот живот, наречен детство. Ако од нивните соби го исфрлите сето она што не ви се допаѓа, нема да успеете позитивно да влијаете на развивање на нивниот личен, но и добар вкус, бидејќи детето уште во првиот момент ќе му се спротивстави на вашиот избор. Во исто време, не заборавајте дека од вашите деца не треба да очекувате да имаат изградено чувство за ред какво што имате вие. Обидете се да ги разубавувате нивните збирки различни играчки кои ги моќно ги заземаат полиците и сите слободни површини од нивните детски соби, како секогаш да се наоѓале таму и не раскревајте постојано зад нив, туку едноставно затворете ја вратата од собата и обидете се да разберете дека неуредната детска соба е многу понормална појава од секогаш уредната детска соба.